Serbian version Albanian version Romanian version Macedonian version Croatian version English version German version Bulgarian version Bosnian version ECO NET's home page
Македонски
Дома
Изјава за мисијата
Цели и работни методи
ECO NET учесници
Развојот од 2001
Downloads
Листа на училишни компании
Партнери
Контакт

ECO NET – програма
цели и работни методи


ЕКО НЕТ – поддршка на идејата за училишна компанија во Југоисточна Европа Образование за идните економски партнери во заедничка Европа- да се учи и работи заедно.

Позадина

Концептот на училишна компанија во проектите во Бугарија, Ромаија и Албанија како и во другите земји на реформа се покажа како успешен и како прилагодлив во областа на економското образование во однос на потребата на пазарите на труд кои се во развој- тоа значи голема врска со праксата со фокусирање на на стекнувањето на најзначајните компетенции (во областа на претприемаштвото) како и можноста да се симулираат реалните работни процеси во училиштата.

Искуствата од досегашните проекти во регионот како и развиените образовни циклуси во Австрија, на пр. со раководителните на УК, нудат модели на обука, кои може да се искористат за воведување на овој концепт во земјите од регионот во една поширока рамка врз основа на испробани стандарди на квалитет. Со тоа поинатаму би можело да дојде до проширување на постојната регионална мрежа (Албанија, Бугарија, Романија) на целиот регион..

Поради потребите на поедини земји во регионот , одн, на оние во кои моменталната појдовна ситуација многу се разликува од останатите, концептот мора да биде доволно флексибилен, за да би се овозможила соодветна постапка за тие земји.

Истовремено треба да се обезбедат интернационални стандарди на квалитетот какои основни содржини кои се неопходни за воведување и успешно имплементирање на концептот на УК, одн. за учество во интернационални мрежи.


  top

Целни групи и земји

Во принцип рамковната програма ЕКО НЕТ се однесува на сите земји/региони од Југоисточна Европа.

Моментални партнер земји се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Романија.

Целни групи:

  • Претставници од Министерствата за образование од земјите учеснички
  • Обучувачи на наставен кадар од земјите на проектот
  • Раководители на Централи на УК од земјите партнери
  • Директори во пилот училиштата
  • Наставници од пилот училиштата

(За подетални податоци оди на ECO NET партнери)


  top

Модули

Врз основа на досегашните искуства во воедувањето на моделот на училишните компании во ЈИЕ и интернационалните стандарди се дефинираа содржински модули, кои може да се комбинираат во зависност од потребите на земјите кои се цели во проектот. .

Предност:
Поголемата флексибилност овозможува адаптација на рамковните услови кои се менуваат со процесот на имплеметација, пришто стандардите за квалитет истоврмено може да се споредат.

Суштински области за овие модуле се:

  1. Економски основни познавања, што е предуслов за имплементација на концептот за УК, и обезбедување на основни училишни предуслови
  2. Основање на училишни компании и на една национална централа на училишни компании
  3. Претставување во јавноста (Going Public) и регионално поврзување
  4. Дисеминација

Покрај овие образовни модули многу важна улога за имплемтација на програмата има следнава област.
- детално планирање, рефлексија и евалуација

Модулите во детали ...


  top

Цели на образовните модули

Модуларно структуираниот образовен концепт ги има следниве три цели:

Најпрво наставниците треба методски и содржински да се квалификуваат на учениците да им пренесат потребни стручни содржини од областа на образованието за претприемаштво како и клучните квалификации. Во центарот е притоа обуката за раководител на училишна компанија.

Второ, преку организациони и структурни мерки треба да се обезбедат рамковни услови за функционирање на националната и регионалната мрежа на економски училишта. Овие мерки се однесуваат на опремата, комуникациски средства кои добро функционираат како и изградба на централа на училишни компании, како и на потребните реструктуирања во областа на наставниот план и обуки на ниво на училишна администрација.

За обезбедување на понатамошно опстојување преку тесна соработка со Министерствата и целни мерки треба да се создадат предуслови за една дисеминација на национално ниво.


  top

Евалуација

Евалуацијата на процесот на имплементација во рамковната програма ЕКО НЕТ се базира на:

  1. Постојан интерeн фидбек и процес на евалуација преку целните групи кои директво се во проектот и
  2. Процес на екстерен мониторинг и евалуација од страна на мониторинг институција која е одредена од давателот на стредствата.

Инструменти за интереn фидбек и процес на евалуација:

- Прашалници:

Учесниците на манифестациите ги вреднуваат содржините, методиката и реализацијата на манифестацијата соодветно на своите потреби.

- Фази на фидбек и рефлексија при манифестации:

Овие фази се вградени во процесот на имплемтацијата за да им дадат можност ан сите учесници во одредено време да ги споредат поставените зели и постигнатото и да дадат фидбек за искуствата од секојдневието и праксата.

- Фаза на рефлексија (погледни почеток и развој на концептот):

Еднодневна манифестација, која ги рефлектира поставените цели и нивното достигнување за подолг период (најмалку 10 месеци) и меѓу другото се базира на резултатите од евалуацијата и мониторингот на екстерната институција која го врши мониторингот.


  top

With the kind support of the Austrian Federal Ministry for Foreign Affairs,
the Austrian Federal Ministry of Education, Science and Culture
and the Open Society Fund BiH (Soros Foundation)
Site designed and supported by BGpro.com