Serbian version Albanian version Romanian version Macedonian version Croatian version English version German version Bulgarian version Bosnian version ECO NET's home page
Македонски
Дома
Изјава за мисијата
Цели и работни методи
ECO NET учесници
Развојот од 2001
Downloads
Листа на училишни компании
Партнери
Контакт

Модулите во детали


  1. Основно познавање
    Преглед
    Опис на модулите 1.1. Модул Економија во претпријатие & Дидактика 1
    1.2. Модул Економија во претпријатие & Дидактика 2
    1.3. Modul ЕОП1 (Email / Интернет)
    1.4. Модул Менаџмент 1
  2. Основање на училишни компании и централа на училишни компании
    Преглед
    Опис на модулите 2.1. Модул опремување
    2.2. Модул УК 1 (Основање и организација)
    2.3. Модул Централа на училишни компании 1
    2.4. Модуил Централа на училишни компании 2
    2.5. Modul УК 2 (Стручна дидактика, студиска посета)
  3. Одење во јавност (Going Public) и поврзување
    Преглед
    Опис на модулите 3.1. Модул УК 3 Поврзување
    3.2. Модул ЕОП 2 (Програмирање веб страни)
    3.3. Модул ЕОП 3 ( веб страни на училишни компании
    3.4. Модул странски јазици
    3.5. Модул 4 (подготовка на саеми, техники на презентација и преговарање)
    3.6. Национален саем на училишни компании
  4. Дисеминација
    Преглед
    Опис на модулите 4.1. Мултипликација: Развој на стратегија
    4.2. Мултипликација: Основни познавања I
    4.3. Мултипликација Основни познавања II
    4.4. Мултипликација УК I
    4.5. Мултипликација УК II
    4.6. Мултипликација Going Public I
    4.7. Мултипликација Going Public II
    4.8. Мултипликација Мониторинг

  top

1. Основни познавања

Преглед

 

Модул

Содржина

Траење

1.1.

Модул Економија& Дидкатика 1

Основни познавања од економија во претпријатие (акцент) дидактички методи

4 д

1.2.

Економија& Дидкатика 2

Основни познавања од економија во претпријатие (Бизнис план и комуникација ) и дидактички методи

4 д

1.3.

Modul ЕОП 1

Email-/Интернет обука

2 д

1.4.

Модул Менаџмент 1 Развој на училиштето, проект менаџмент, рамковни мерки за воведување на образование за претприемачи; (Акцент: Училишна компанија)

4 д

1.5.

Продлабочување

Во зависност од потребите на земјите треба да биде дадена можноста, да се разгледаат желбите за продлабочување/ неопходности одн. Да се изедначат одр. дефици.

4 д

Модулите од 1.1. до 1.3 треба да се реализираат пред основањето на УК но може да се вградат во форма на соодветни инпути доколку подоцна се појават некои недостатоци.
  top

Опис на модулите

1.1. Модул Деловна економија и Дидактика 1

Целна Група: Наставници од економски предмети и по странски јазици

Цели: Наставниците треба да ги познаваат областите за успех и заедничката врска меѓу работните области. Тие, во однос на горе наведените образовни цели треба да ги запознаат и применуваат активните методи кои се насочени спрема ученикот.

Резултат Учесниците се во состојба преку примената на нови дидактички методи да ги обучуваат учениците во врска со суштинските компетенции. Тие ги познаваат економските области и нивната врска и се во состојба ова знаење да го применат при основањето на УК.

1.2. Модул Деловна економија и Дидактика 2

Целна Група : Наставници по економски предмети и странски јазици

Цели: Наставниците треба да се во состојба, да склопуваат и развиваат купопродажни договори со содветната кореспонденција и да ја реализитраат деловната комуникација според вообичаените меѓународни стандарди.

Тие треба да знаат да изготват бизнис план. Стручните содржини треба активно да се обработат во правец на запознавање со активни методи кои се насочени кон ученикот.

Резултат: Учесниците се во состојба да развиваат изготвување и доработка на купопродажни договори како и на друга потребна комуникација во УК со деловните партнери и можат да изработат општи услови за работа. Тие се во состојба да изготват деловен (бизнис) план.

1.3. Модул ЕОП 1 (Email / Интернет)

Целна група: Сите наставници, кои работат во УК: наставници по економски предмети кои раководат со УК, наставници по странски јазици кои предаваат во УК., раководители на централи на УК, директори на економски училишта (контакт лица во ЕКО НЕТ)

Цели: Учесниците треба да се во состојба, да развиваат кореспонденција по пат на електронска пошта и да ги најдат потребните информации од интернет со помош на пребарувачките машини. Претставување на страната на ЕКО НЕТ.

Резултат: Учесниците се во состојба да употребуваат емаил и интернет за комуникација и мрежно поврзување во ЕКО НЕТ.

1.4. Модул Менаџмент 1

Целна група: Претставници на училишна aдминистрација, директори

Цели: Запознавање на основите на проектниот менаџмент и развој на училиштето. Планирање на мерки за промена на наставниот план, воведување на настава по УК и други дидактички методи.

Резултат: Наставен план во кој е вградена наставата по УК и примената на други методи, насочени кон ученикот. Училишните власти се во состојба да ги реализираат организаторските мерки за имплементација на новите наставни форми. Учесниците се обучени во областа на проектниот менаџмент и можат да го имплементираат проектот ЕКО НЕТ во својата земја.

  top

2. Основање на училишни компании и централа на УК

Преглед

 

Модул

Содржина

Траење

2.1.

Модул опремување

Опремување на централата на УК и кабинетите за УК

2 месеци

2.2.

Модул УК 1

Основање и организација на УК

3 д

2.3.

Модул - Централа на УК 1

Обука на раководители и соработници на УК

3 д

2.4.

Модул - Централа на УК 2

Организација на централата за училишни компании; докуметација, работни процеси

2 д

2.5.

Модул УК 2

Семинар стручна дидактика на училишни компании + студиско патување

4 д

2.6.

Продлабочување

Во зависност од специфичните потреби за земјата треба да биде дадена можноста да се разгледаат желбите за продлабочување/неопходностите одн. евентуалните недостатоци.

4 д

Модулите од 2.1. до 2.4 треба да бидат завршени пред почетокот на учебната година, така да може да почне основањето на училишните компании со самиот почеток на учебната година.

Модулот 2.5 треба да се реализира во првите месеци од наставата, по почетоткот на работата на училишните компании со учениците.

Опис на модулите

2.1. Модул опремување

Цел/Резултат: Опремување на кабинетите по УК и централата со минимално потребната опрема.

2.2. Модул УК 1 (Основање и организација)

Целна група: Наставници по економски предмети, кои ќе раководат со УК и кои ќе ги внесат основните познавања, дефинирани во т. 1. Директори, наставници по странски јазици.

Цели: Учесниците треба:

  • Да ги познаваат основните цели кои треба да се постигнат со работа во УК
  • Треба да имаат познавања за рамковните услови на работата во училишни компании,
  • Да знаат да основаат училишна компанија.
  • Да знаат да ја реализираат организацијата на структурата и на работните процеси

Резултат: Учесниците го избраа предметот училишни компании и се во состојба да основаат и развиваат училишна компанија.

2.3. Модул Централа на училишни компании 1

Целна група : Раководители и соработници на централата за училишни компании

Цели: Запознавање на функциите на Централата на училишни компании и нејзината организација. Познавања за организацијата на платежниот промет на национално и меѓународно ниво. Акцент на ЕКО НЕТ

Резултат : Учесниците се во состојба да основаат национална централа за училишни компании.

2.4. Модул Централа на училишни компании 2

Целна група: Раководители и соработници на Централата за училишни компании

Цели: Организација на централа, структура на документацијата на работните процеси.

Резултат: Централата за училишни компании е основана, внатрешните деловни работни процеси во мрежата се организирани, потребните документи и формулари се изготвени. Процесите и формуларите се документирани.

2.5. Модул УК 2 (стручна дидактика , студиска посета)

Целна група: Раководители на училишни компании

Цели: Хоспитација во една училишна компанија за да се запознае работата во секторите, организацијата и стратегиите на една активна компанија и активно да се соработува во неа. Во продолжение еден семинар во кој учесниците ги планираат наставните методи, специфични за работа во УК како и запознавање на соодветни модели за оценување.

Резултат: Учесниците се во состојба, да ја планираат, организираат наставата во една УК и да раководат со компанијата.

  top

3. Претставување во јавноста (Going Public) и мрежно поврзување

Преглед

 

Модул

Содржина

Траење

3.1.

Модул УК 3

УК- мрежно поврзување (национално)

2 д

3.2.

Модул ЕОП 2

Програмирање на веб страни на УК и централи на УК

1 месец

3.3.

Модул ЕОП 3

Веб страна на УК

2,5 д

3.4.

Модул јазици 1

Странски јазици

4 д

3.5.

Модул УК 4

Подготовка за саем, техники на презентација и преговарање

4 д

3.6.

Модул Национален саем

Национален саем на училишни компании

1 д

3.7.

Модул интернационален саем

Интернационален саем + ЕКО НЕТ – планирање на проектот и организација

2 д

3.8.

Продлабочување

Во зависност од специфичните потреби за земјата треба да биде дадена можноста да се разгледаат желбите за продлабочување/неопходностите одн. евентуалните недостатоци

4 д


  top

Опис на модулите

3.1. Модул УК – мрежно поврзување

Целна група: Раководители на УК, раководители и соработници на Централата за УК

Цели: Организација на трговијата на национално ниво и со останатаите ЕКО НЕТ земји, пријавување при веб шоп и други дигитални мрежи. Деловни разговори. Изработка на концепт за веб страна на училишната компанија.

Резултати: Сите учесници се информирани за процесите во мрежата и ги добија сите потребни документи и инструкции. Училишните компании ги разменија своите понуди и деловни договарања во поглед на една трговија која треба да се развива. Учесниците се во состојба да ги користат електронските платформи за трговија. Приложен е концептот во врска со тоа како треба да изгледа една училишна компанија.

3.2. Модул ЕОП 2 (Програмирање на веб страни)

Цели/Резултат: Програмирање на веб страни на училишните компании и централата за УК од страна на веб дизајнер

3.3. Модил ЕОП 3 (веб страни за УК)

Целна група: Раководители на УК, наставници по странски јазици, информатичари, раководители и соработници на Централата на УК

Цели: Учесниците треба да стекнат основни познавања од Frontpage (Актуелизирање); Текстовите и податоците треба да бидат ставени на веќе изготвената страна на училишна компанија.

Резултат: Веб страните се готови, учесниците се во состојба да вршат актуелизирање на страната.

3.4. Модул странски јазици

Целна група: Наставници по странски јазици кои предаваат во УК

Цели: Учесниците треба да знаат да ги обучуваат учениците за говорни и комуникативни ситуации ( на пр. Купопродажни разговори)

Резултат: Учесниците се во состојба да ги обучуваат соработниците во УК за техниките на комуникација, презентација и преговарање на странски јазик.

3.5. Модул УК 4 (Подготовка за саеми, техники на презентација и преговарање)

Целна група: Раководители на УК

Цели: Учесниците треба да се во состојба, да ги подготват своите УК за саем и околу техниките за презентација, преговарање и продажба.

Резултат: Учесниците се во можност заедно со соработниците на УК да поставуваат професионални самески штандови и да ги обучуваат соработниците во областа на техники на продавање и преговарање.

3.6. Модул национаен саем на училишни компании

Целна група: Соработници и раководители во УК

Цели: Создавање и интензивирање на трговските врски; „Останување“ на пазарот на УК и фидбек.

Резултат: Воспоставување на деловни и лични контакти. Деловни зделки и со тоа приклучување на мрежата. Фидбек за успешноста на стратегиите за продажба и ориентација.

3.7. Модул интернационален саем на УК + мрежно поврзување во ECO NET

Целна група Саем: Соработници и раководители во УК;

Планирање на мрежното поврзување: раководители на УК, раководители на Централа, носители на одлуки

Цели: Саем: Создавање и интензивирање на трговските врски во ЕКО НЕТ; „Останување“ на интернационалниот пазар на УК и фидбек; употреба на странски јазици.

Планирање и организација на мрежно поврзување: Размена на искуства, разработување на проблемите во мрежатаAufarbeitung; договарања,; планирање на проекти поврзани со УК .

Резултат: Многу деловни и лични интеркултурни контакти надвор од земјата во ЕКО НЕТ. Деловни зделки и со тоа поврзување во мрежата. Фидбек за успехот на стратегиите на продажба и употребата на странски јазици, ориентативна помош за развој на УК.

Договарања за продолжување на ЕКО НЕТ мрежата. Концепти за заеднички проекти.

  top

4. Дисеминација

Преглед

 

Модул

Содржина

Траење

4.1.

Мултипликација Развој на стратегија

Советување на носителите на одлуки во изготвувањето на концепт за дисеминација

3 д

4.2.

Мултипликација Основни познавања I

Train the Trainer обука

9 д

4.3.

Мултипликација Основни познавања II

Изготвување на материјали за модулите на обука

6 д

4.4.

Мултипликација УК I

Train the Trainer обука

6 д

4.5.

Мултипликација УК II

Изготвување на материјали за еден образовен циклус за воведување на УК во училиштата

6 д

4.6.

Мултипликација Going Public I

Train the Trainer обука

6 д

4.7.

Мултипликација Going Public II

Изготвување на материјали за циклус на обуки

6 д

4.8.

Мултипликација: Мониторинг

Обука на инспекторите, одн. на онаа институција, која ја врши контролната мониторинг функција

6 д


  top

Опис на модулите

4.1. Развој на стратегија

Целна група: Носители на одлуки од соодветното Министерство за образование, одн на институцијата која е надлежна за планирање; Раководители на Централа на училишни компании

Цели: Советување кое почива на искуствата од дисеминацијата во другите земји за развој на национален концепт за дисеминација.

Резултат: повеќестепен концепт за дисеминација; идентификација на повеќето инструменти на дисеминација (обука на мултипликатори, изготвувае на материјал итн.).

4.2. Мултипликација: Основни познавања I

Целна група: Мултипликатори за воведување на концептот на УК

Цели: Раководителите на Централата за УК , раководителите на УК и наставниците по странски јазици стануваат мултипликатори. Тие треба да се во состојба да изведуваат обуки за основните познавања (деловна економија, ЕОП, странски јазици) врз основа на разработени циклуси на обука.

Резултат: Главната група на мултипликатори изведува циклуси на обуки по налог на Министерството

4.3. Мултипликација: Основни познавања II

Целна група: Мултипликатори за воведување на концептот на УК

Цели: Се изготвува концепт за обука на наставници од областа на основните познавања и се изготвуваат материјали за тоа во зависност од потребите на земјата.

Резултат: Материјали за модулите на обука на наставен кадар од областа на основните познавања.

4.4. Муктипликација УК I

Целна група: Раководители на Централата на УК, искусни раководители на УК, претставници на институциите за обука

Цели: Учесниците треба да се во состојба да развијат дизајн за семинар и да ги применат потребните техники за презентација и модерација за реализација на тој семинар. Изготвување на концепт за обука на раководителите на УК.

Резултат: Учесниците како мултипликатори можат да планираат и реализираат семинари за обука на нови раководители на УК. Временски структуиран, дидактички одржан концепт за обука на раководители на УК.

4.5. Мултипликација УК II

Целна група: Раководители на Централата на УК, искусни раководители на УК, претставници на институциите за обука

Цели: Развивање на материјали и документи кои во рамките на обуката на нови раководители на УК се потребни за основање и раководење на една училишна компанија

Резултат: Материјали и документи кои се употребуваат за обука на раководители на УК и истите ќе бидат употребени од страна на новите раководители при основањето, структурирњето и раководењето на компанијата.

4.6. Мултипликација Going Public I

Целна група: Раководители на Централа на УК, искусни раководители на училишни компании, претставници на институциите за обука (група на учесници како под т. 4.4. до 4.6.)

Цели: Развивање на концепт за обука за подготовка на раководители на УК. За трговија на УК со националните и интернационалните деловни партнери и при саеми на УК.

Резултат: Мултипликатори кои се во состојба да обучат раководители на УК според развиениот концепт за обука во делот на „Going public“/ мрежно поврзување.

4.7. Мултипликација Going Public II

Целна група: Раководители на Централа училишна компанија, искусни раководители на УК, претставници од институциите за обука (група на учесници како под. 4.4. и 4.5.).

Цели: Развивање на материјали и документи кои се потребни во рамките на обуката за Going public/Networking и содржините можат да бидат применети од страна на раководителите на УК во наставата.

Резултат: Материјали и документација за модулот на обука Going public.

4.8. Мултипликација Мониторинг

Целна група: Инспектори , одн. онаа институција која е надлежна при Министерството за образование за обезбедување на квалитетна настава

Цели: Воведување на концептот на УК: цели, основи на организација на работа во училишни компании и обележја на квалитет.

Вовед во инструментите за вршење мониторинг (знаци за успешна работа на училишната компанија.)

Резултат: Инспекторите се запознати со целите на концептот за УК и можат да ја оценуваат работата на УК во основните аспекти и со тоа да ја исполнат својата обврска за мониторинг

  top

With the kind support of the Austrian Federal Ministry for Foreign Affairs,
the Austrian Federal Ministry of Education, Science and Culture
and the Open Society Fund BiH (Soros Foundation)
Site designed and supported by BGpro.com