ECO NET Изјава за мисијата
ЕКО НЕТ – поддршка на идејата за училишна компанија во Југоисточна Европа
Образование за идните економски партнери во заедничка Европа - да се учи и работи заедно
Изјава за мисијата
Предуслов за европска интеграција е развојот на конкуренти пазари , постабилни демократски структури како и диалог кој ги минува границите на земјата.
Конкурентни пазари не се можни без соодветни човечки ресурси, т.е. добро образовани работни кадри, кои флексибилно можат да реагираат на побарувањата на пазарот кој се зголемува. Ова преставува нови предизвици во образовните системи во регионот особено во подрачјето на стручното образование. Наместо теоретското познавање треба да се пренесат и клучните квалификации за пазарот на труд. Моделот на Училишна компанија нуди идеален инструмент во врска со ова.
ЕКО НЕТ стои за соработка која ги минува границите, заедничко учење и стабилни партнерства.
Училишна компанија
Училишната компанија е иновативна, практична, наставна метода- модел за едно претпријатие, во кое случувањата во него за наставни цели се транспарентни. Се развиваат клучните квалификации како способност за тимска работа, ефективност, флексибилност и донесување одлуки, способност за разрешување конфликни ситуации, и пред се интеркултурниот сензибилитет во еден симулиран деловен свет со домашни и странски партнери кои реално постојат.
Моделот може флексибилно да се примени во најразлични типови на стручни училишта во зависност од постоечките образовни потреби.
|