Serbian version Albanian version Romanian version Macedonian version Croatian version English version German version Bulgarian version Bosnian version ECO NET's home page
Македонски
Дома
Изјава за мисијата
Цели и работни методи
ECO NET учесници
Развојот од 2001
Downloads
Листа на училишни компании
Партнери
Контакт

ECO NET
развојот од 2001


ЕКО НЕТ – поддршка на идејата за училишна компанија во Југоисточна Европа
Образование за идните економски партенри во заедничка Европа -
да се учи и работи заедно

Траење:

ЕКО НЕТ започна во јануари 2001 како проект во рамките на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа. Образовниот проект беше финансиран од Австриското Сојузно Министерство за надворешни работи а имплементацијата ја вршеше КултурКонтакт заедно со проект канцелариите на k.education Букурешт, Софија и Тирана.

Проектот заврши во јуни 2002 со конференција во Австрија, каде што се заклучи дека е продлабочување и проширување на започнатите активности во рамките на ЕКО НЕТ.

Земји-цел на ЕКО НЕТ:

Меѓу 2001 и 2002 во ЕКО НЕТ учествуваа Министерствата за образование на Албанија, Бугарија и Романија. Се создаде партнерска мрежа меѓу 3 албански, 5 бугарски и 3 романски економски гимназии.

Активности:

Проектот го стави акцентот на изградба и продлабочување на УК во трите вклучени земји, со што училиштата и централните институции технички одново беа опремени.

Во рамките на работата на УК во училиштата без создадени национални и интернационални трговски поврзувања, беа организирани саеми на УК.

Наставниците, директорите и носителните на одлуки беа обучувани на повеќе семинари во областа на менаџмент на проекти и квалитет, деловна комуникација, клучните квалификации и специјални теми за работата на УК. При тоа беше разменувано и споделувано постоечкото Know how искуство во регионот.

Она што заедно е постигнато:

  • Изградба на национални централно координирани мрежи на УК во Албанија, Бугарија и Романија.
  • Воведување на наставни методи кои се активни и ориентирани кон праксата во 11 пилот училишта.
  • Опремување на пилот училиштата со инфраструктура која е потребана за работа во УК.
  • Стручна и методска обука на преку 200 експерти во областа на образованието.
  • Изработка на нови наставни материјали кои се свртени кон ученикот.
  • Поврзување на 68 УК во Албанија, Бугарија и Романија.
  • Продлабочување на надворешната трговија меѓу училишните компании.
  • Организација на саеми на училишни компании како платформа за нови контакти
  • Интернационално поврзување преку веб страната www.econet-see.com

Детален преглед на разултатите:

Во краткото траење на проектот од 1.5 година беше создадена мрежа на 3 централи и 68 училишни компании (од кои некои се пререгистрирани). Сите се достапни по електронски пат. Во врска со веб страните на УК кои се создадоа во проектот можат да се нарачаат продукти и услуги на УК (види ги адресите под „ЕКО НЕТ училишни компании„).

На училишните компании им се отвори и можноста, да учествуваат на интернационалниот веб шоп за училишни компании Comnet http://www.comnet-project.com.

Беа разменети најразлични деловни особености во проект земјите, се донесоа спогодби за развој на регионалната трговија, се правеа споредби на дидактичките методи и се обработуваа нивните разлики. Документацијата може да се погледне под „Downloads”.

Во зависност од појдовната состојба на мрежите на УК беа реализирани обуки од основање на УК се до менаџмент на квалитетот за напредните училишни компании во еден модуларен систем.

Бугарските раководители на училишни компании со најголемо искуство во областа на училишни компании ( во Бугарија УК се етаблирани од средината на 90тите години,) развија дидактички документи и информации за темата „претприемаштвото и училишната компанија„ под водство на локалните експерти. Девет романски пилот училишта добија основна опрема за работа на канцелариите на училишните компании. Романската централа РОКТ и училишните компании беа основани за време на проектот и започнаа со работа во септември 2001.

Обуката на техниките за комуникација и продажба , обуката за техники на презентација како и вовед во проект менаџментот им обезбеди на раководителите на компаниите и наставниците по стр. јазик потребни клучни квалификации за мрежното поврзување и ги оспособи да ги реализираат овие обуки со учениците.

Подготовките и планираните активности за организација на саеми дојдоа до израз во 2 национални саеми, саемот на УК во Тирана и саемот во Дробета Турну Северин, двата во април 2002, како и регионалниот саем во Софија во мај 2002 на кој не учествуваа само училишни компании од трите земји Албанија, Бугарија Романија, туку и од Македонија и Австрија.

Во рамките на завршната конференција во јуни 2002 во Виена беа претставени училишни компании со други целни групи (на пример образование за возрасни).

Паралелно повеќето семинари за „менаџмент и раководство„, со акцент на развој на училиштата и проект менаџментот, обезбедија предуслови во сферата на училишната администрација за имплементација на училишното мрежно поврзување и соработка на нивото на училишната администрација.

Со оваа прва регионална мрежа од оваков тип во Југоисточна Европа беше дадена основата за дисеминација на концептот на училишни компании на национално и регионално ниво како и за развој на понатамошна соработка во регионот.

Документацијата на материјалите од семинарот и разултатите може да се разгледаат под "Downloads".


  top

With the kind support of the Austrian Federal Ministry for Foreign Affairs,
the Austrian Federal Ministry of Education, Science and Culture
and the Open Society Fund BiH (Soros Foundation)
Site designed and supported by BGpro.com